Вработена кај Јовановски: Кичеец беше чест гостин, влегуваше слободно

од Vladimir Zorba
504 прегледи

Сведокот во Рекет, Драгана Колевска, која работела хонорарно кај Бојан Јовановски кажа дека во ноември и декември обвинетиот реновирал и дома донел намештај и телевизор, како и слики, за кои била сигурна дека не се платени.

„Кај Јовановски дома има дојдено Шекеринска и госпоѓата Катица. Има дојдено господинот Орце Камчев со уште еден и господинот Зоран Милевски. Има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски и други“, рече Колевска.

На прашање на Сашо Дуковски, бранител на Бојан Јовановски кој бил со Камчев и Кичеец, односно дали на средбата и министерот Венко Филипче, таа одговори потврдно.

Колевска рече дека Зоран Милевски Кичеец бил чест гостин кај Јовановски, односно секојдневен гостин и дека влегувал слободно, без да тропне на врата.

„Ги послужував со кафе, сок, вода, некогаш и јадење. Милевски доаѓаше со повеќе коли, имам запаметено портокалов и црн џип“, рече Колевска.

Сведокот во „Рекет“ рече дека разговорите на Јовановски со гостите биле општи, а не „опасни”. Таа истакна дека не видела пари во домот на првообвинетиот.

Бојан Јовановски не постави прашања, а „Рекет“ ќе продолжи на 3 јануари, кога ќе сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска.

A.T.

Слични содржини