Пандите од московската зоолошка учат да сликаат (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
339 прегледи

Големите панди во зоолошката градина во Москва учат да цртаат. Машкото Жуи и женката Диндин љубопитно учат да ги користат четките и боите.

На веб-страницата на градоначалникот на Москва се нагласува дека пандите користат нетоксични бои, специјално купени токму за оваа намена.

Од зоолошката градина изјавиле дека пандите ги обожаваат часовите, а штом ги видат четките и боите веднаш посегнуваат по нив, а реагираат и на командата „цртај“.

На веб-страницата на градот исто така се забележува дека со текот на времето, потребата за команди ќе исчезне и самите животни ќе почнат да создаваат свои слики.

Големите панди ќе имаат по два часа неделно во тек на една година, а на крајот од годината ќе се организира изложба. Делата најверојатно ќе се продаваат на хуманитарен базар, а средствата ќе бидат наменети за заштита на пандите. Дел од сликите ќе бидат испратени како сувенири во Кина, од каде и потекнува овој вид.

Слични содржини