Судири на граѓани и полицијата во Никшиќ поради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед

од Nikola Popovski
193 прегледи

Стотина граѓани се собраа вечерва во Никшиќ пред православен храм во знак напротест поради синоќешното усвојување на Законот за слобода на вероисповед во Парламентот. Притоа се случи судир на граѓаните со полицијата, објави „Вијести“ на својот веб сајт.

Полицијата во судирот употребила палки.

Во близина на храмот Св. Василиј има голем број полициски возила, и според медиумот, се повеќе луѓе пристигнуваат на протестот.