Познатиот актер Том Хенкс доби грчко државјанство

од Elena Daskalova
353 прегледи

Актерот Том Хенкс, кој е во брак со актерката и продуцентка Рита Вилсон, врз основа на нејзиното потекло, доби грчко државјанство.

Ова го соопштија до кабинетот на претседателот Прокопис Павлопулос, кој лично го потпишал решението со кое му се доделува почесно државјанство на холивудскиот актер.

Според грчките закони, вакво државјанство може да добијат личности кои значајно придонеле за афирмација и исклучителни услуги за земјата или чија натурализација е во корист на јавниот интерес.

Одамна е познато дека Хенкс и Вилсон често патуваат во Грција, а нивна омилена дестинација е островот Антипарос.

Слични содржини