Арсовски: „Рекет“ мора да се расчисти и со тоа да се расчистат многу дилеми

од Aleksandar Todeski
269 прегледи

Вчера низ медиумите можевме да сретнеме неколку теми поврзани со случајот Рекет, кои по се го склопуваат мозаикот што не сака да го види ниту Русковска ниту Јовевски бидејќи му слугуваат на Зоран Заев во моментов. Се кријат докази, се уценуваат луѓе да внимаваат што говорат, се закануваат и тужат новинари, обвини на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Од 21 април, моментот кога Заев наводно дознал за случајот Рекет, до денес поминаа точно 8 месеци, а се уште обвинителството и судот кои се приклештени од Заев ловат во матно и се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот Рекет односно нарачателите. Вчера целата јавност можеше да прочита како писмото за кое што сите видовме преку медиумите и дознавме кое го испратила Катица Јанева од притвор до Љубомир Јаневски содржи сведочење од истата Јанева дека Вилма Русковска можно е да ја сокрила нејзината изјава и не ја пријавила кај Љубомир Јаневски“, рече Арсовски.

Тој посочи дека опозициската партија прашува што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Вилма Русковска и зошто никој не ја споменува во постапката оваа првична изјава на Катица Јанева, како и дали во таа изјава Катица Јанева ја разоткрива целата шема на рекетирање.

„Од самиот почеток како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме на неколку работи, се потврди дека се вистинити. Најпрвин дека се кријат докази и дека се остава простор сите кои што можат да ги прикриваат, се со цел да се спаси главата на октоподот, за која што сите знаеме која е. Катица Јанева имаше доволно простор и време да брише докази и да прикрива докази уште пред да влезе во притвор. Еве сега гледаме дека Вилма Русковска има сомнеж дека сокрила изјава од Катица Јанева каде што ги открива деталите, само за да ги спаси инволвираните од врвот на СДСМ и власта“, додаде Арсовски.

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кажа вчера јавно од сведоците на сведочење во Рекет се слушнало дека домот на Бојан Јовановски многу често го посетувале и Венко Филипче, Александар Кирацовски, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев и многу други политичари од врвот на СДСМ и на владата.

„На крај, на Заев му требаше многу време да се сети и да одговори на новинарско прашање, кое му го поставија а тоа е кога го пријавил случајот Рекет. Главното прашање е, зошто кога го пријавил случајот Рекет дали усно дали писмено, бидејќи самиот не знае како го пријавил нема никаква писмена белешка во институциите од неговото пријавување на овој случај. Дали Заев е сигурен дека го пријавил во надлежната институција, а не некаде на друго место. Ги охрабруваме сите сведоци, сите оние кои што знаат нешто во врска со случајот Рекет да не ја кријат вистината и да ги изнесат сите детали, бидејќи ако некој се обиде некого да скрие автоматски станува соучесник во целиот случај. Тоа никому не му одговара, најмалку на вистината и на правдата. Редно време е се да се обелодени“, вели Арсовски.

Тој додаде дека случајот Ркет мора да се расчисти и со тоа да се расчистат многу дилеми.

Слични содржини