Спасовски: Случајот „Рекет“ мора да биде истражен до крај

од Aleksandar Petrovski
162 прегледи

Сите службени информации кои се добиени за случајот „Рекет“ се споделени и дадени во Јавното обвинителство, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали бил информиран од директорот на УБК дека Орце Камчев преку неговата сопруга го информирал за рекетот што го трпи од Боки 13 и кој е неговиот коментар за обвинувањата од опозицијата дека крие информации за овој случај.

Фото: Борче Поповски

– Случајот мора да биде истражен до крај и секој еден којшто е одговорен во случајот „Рекет“ или во кој било друг случај што ќе значи криминална активност, ќе мора да сноси одговорност. Опозицијата има таква функција постојано да критикува, изнесува свои ставови и тука нема замерки во однос на демократијата. Меѓутоа, јас апсолутно сметам дека институциите на системот мора да функционираат и Министерството за внатрешни работи и Владата покажаа искрена волја во справувањето со сите криминални дејанија кои, пред се, се поврзани со овој случај, рече Сапсовски одговарајќи на новинарски прашања по отворање градинка во Штип.

Слични содржини