310
Членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски, кого повеќе од 24 часа го бара полицијата за да го однесе пред судија на претходна постапка, утрово се појавил во Кривичниот суд, потврдуваат од судот извори на Локално. Теофиловски се повикал на имунитетот, што значи дека треба итно да се состане Судскиот совет и да одлучи дали ќе му биде одземен имунитетот.
Инаку Теофиловски е осомничен заедно со уште седум лица за случај со нелегална приватизација на земјиште во Тетово, случај кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во кој осомничени се и поранешни вработени во општина Тетово.
Според Обвинителството, осомничените вршеле дејства кои биле противзаконски, а со што направиле штета од 860.000 евра.
А.Т.