242
Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Р.(31) од с.Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
МВР денеска информира дека на 30.12.2019 на автопатот во близина на ,,Тумчевишка клучка“, пријавениот, кој управувал возило со брзина поголема од дозволената, изгубил контрола над возилото и удрил во двајца полициски службеници, кои обезбедувале место на настан по случена сообраќајна незгода, од кои едниот починал, а на другиот му биле констатирани тешки телесни повреди.