367
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој го придружуваа министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан и заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на нашата земја Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Денеска се навршуваат 8 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, кој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и нејзиното меѓународно признавање.