Димитров: За „Рекет“ дознав во јуни од надворешен фактор

од Aleksandar Todeski
199 прегледи

Нашата задача сега е да ветуваме помалку, а да сработиме максимум. Целта на ова министерство е да продолжиме со дипломатса офанзива. Ќе биде многу од помош ако Собранието успее да го изгласа Законот за јавно обвинителство. Комисијата најави нова методологија од февруари, а ние треба да направиме се што можеме во овој период, вели министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Канал 5 телевизија.

Фото: Борче Поповски

Во врска со случајот „Рекет“, тој вели дека со нерезидентниот амбасадор на Латвија имале разговор минатата година и тој изразил незадоволство дека нивниот почесен конзул бил споменуван во истрага, но не разговарале за случајот кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Толку беше, не се спомена ниту Р од „Рекет“. За аферата разбрав некаде во јуни месец, кога веќе била отворена предистрагата од надворешен фактор. Важно е што има судска развршница, што има фокус во јавноста, но важно е и тој случај да не направи да ги заборавиме сите случаи од индициите за криминал од прислушуваните разговори“, рече Димитров.

На прашање дали ќе биде вклучен во изборните, рече дека ќе биде фокусиран на државните интереси, односно на Европската Унија. Министерот истакна дека ќе биде активен на страната која ќе остане на евроатлантскиот пат.

„Мислам дека евопрските интеграции се цел за 80% од народот и дека сите партии ја имаат ЕУ во кампањите и програмите. Домашните ситуации мора да бидат во втор план, дали имаме или немаме избори, бидејќи важно е да останам фокусиран на Европа. Немам размислувано што после, во секој случај ќе бидам како случаен политичар кон страната која ќе продолжи по вистинскиот пат, стратешките интереси ЕУ и НАТО и битката која е најважна дома, борба против корупцијата и криминалот. Јас ќе бидам цврсто за таа мисија“, додаде Димитров.

 

Слични содржини