Мизрахи: Малкумина од нас имаат можност да испишат историја, мотивот е огромен

од Aleksandar Todeski
516 прегледи

Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи преку Фејсбук статус пишува дека завршувал периодот кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари.

„Само со честитост, законитост и меѓусебно почитување може да се постигне тоа. Ние можеме и имаме доволно ресурси да успееме. Мотивот е огромен, а предизвиците се пред нас“, пишува Мизрахи.

Таа пишува дека од работата на органите на државната управа зависат илјадници човечки животи.

„Да не заборавиме дека секој орган на државната управа, како дел од извршната власт, е основан за областите и подрачјата кои се од значење за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица. Од нивната работа зависат илјадници човечки животи. Ова е голема одговорност но и чест, бидејки малкумина од нас имаат можност во нивните животи да испишат историја“, пишува техничката министерка на Фејсбук.

Слични содржини