Кајли Миног со нескромна донација за борбата против пожарите

од Elena Daskalova
351 прегледи

Кајли Миног, која е Австралијанка, одлучи да донира пари за противпожарните служби во Австралија, кои овие денови се борат со ужасните пожари.

Она што се случува во нејзината земја силно ја погоди популарната пејачка, па таа повика, заедно со неа, кој е во можност, исто така да помогне парично.

„Јас и моето семејство даваме 500.000 долари за борбата против пожарите. Од каде и да доаѓа, секоја помош е добредојдена“, напиша Кајли на Инстаграм.

За истата намена парични средства веќе донираа и Никол Кидман и пејачката Пинк.

Големи шумски пожари го зафатија источното крајбрежје на Австралија кон средината на октомври минатата година.

Уништени се најмалку 6 милиони хектари шума, а во пожарот загинаа и милиони животни. Изгорени се околу 2.000 објекти, околу 3.000 административни и станбени згради.

Слични содржини