Раџа: Кога дознав за смртта на Дражен, ќе паднев во несвест

од Aleksandar Petrovski
271 прегледи

Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раџа гостуваше на ХТВ каде се присети на трагичната смрт на Дражен Петровиќ.

-Тоа е еден од најтажните моменти во мојата кариера и генерално во животот. Тоа нас сите длабоко не потресе. Се збогувавме на аеродромот, тој тргна во една насока, ние на друга… За неколку часа ти јавуваат дека настрадал, па некако се надеваш дека само нешто скршил, дека нема да игра само на првенството. А потоа му се јавив на Мирко Новосел и добив информација од прва рака. Можам да ви кажам дека во тој момент, да не седев во фотелја, би паднал во несвест. Првото заминување на тренинг по пет, шест дена, не можеш да излезеш од соблекувална. Не можеш од солзи и емоции да излезеш на терен, затоа што постојано ти се врти во глава дека тој не е повеќе тука. Тоа беше тешка, тешка ситуација, изјави Раџа.

Откри уште еден детаљ.

-Не сакам да зборам за тоа затоа што го правам од задоволство, а не да се фалам во јавност. Имам едно дете од Славонија кому татко му загина пред тој да се роди во Вуковар. Има 27 години, тоа момче, човек, го доживувам како свое дете. Се грижам за него од трет месец па до денес. Сега тој е доктор и тоа е голема гордост за мене. Има уште луѓе на кои им плаќав операции во Америка, деца на кои им помагам да се школуваат, рскажа легендарниот кошаркар.