УЈП подготвува кривични пријави за БМЈ Медиа Груп, 1ТВ и Томато Продукција

од Aleksandar Todeski
424 прегледи

Три кривични пријави подготвува Управата за јавни приходи за невладината организација на Бојан Јовановски познат како Боки 13 Меѓународен сојуз, БМЈ Медиа Груп и Томато Продукција.

УЈП не споделува повеќе детали за случајот, кој пак потекна од истрагите што Управата ги направи, а која покажа дека субјектите направиле затајување на данок на над 20 милиони денари.

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски добил позјамица од неговата фирма БМЈ Медиа Груп тешка милиони, кои никогаш не ги вратил, а фирмата ги избришала од евиденција. Косопственичката Јасна Мандиќ пак, добила милионска дивиденда од 1ТВ. Според Управата за јавни приходи, намерата била да не се прикажат приходи, со што ќе се дадат помалку пари за даноци, намера која била констатирана кај сите фирми и кај физичките лица.

Продукцијата Томато ќе добие кривична пријава за неплатен данок на додадена вредност и персонален данок, а кои се однесуваат на изградба на телевизиските студија на 1ТВ, како и за прикажување на помали приходи во нивната работа.

Слични содржини