371
Актерот Горан Богдан на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека е во студио за тетовирање и го тетовира грбот.
„Една од новогодишните одлуки. Готово е. Карпе дием во делфин. Влакнест. Додека минев низ Бугарија. Не е ракописот нешто посебно, но затоа боли“, напиша Богдан во описот на фотографијата.
Неговиот колега Сергеј Трифуновиќ одлучи да се пошегува со својот колега и му напиша „Имавте секс? Бакнува убаво како јас?“
Богдан го гледаме во серијата „Сенки над Балканот“, каде го глуми Мустафа Голубовиќ.