По објавата дека Меган Маркл и принцот Хари се повлекуваат од кралските должности, медиумската бура никако да запре.
Овојпат, Меган Маркл е фотографирана без бурма на нејзината рака, што предизвика шпекулации дали можеби и бракот на популарниот пар е пред колапс?
Писмото со кое Меган и Хари се повлекоа од кралските должности ја шокираше целата јавност, вклучително и кралското семејство, кое за оваа одлука дозна од медиумите.
Кратко потоа, Меган била фотографирана како излегува од театар. Хаос предизвикал фактот дека на нејзината рака не се гледа препознатливиот венчален прстен.
По последните настани, многумина ова го толкуваат како почеток на крајот, но сосема е можно да не е ништо страшно, туку само во моментот да го извадила, а јавноста сето тоа погрешно да го толкува.