Што се случува во вашето тело ако изедете два портокала дневно?

од Elena Daskalova
372 прегледи

Портокалот е овошје кое во зима го има во изобилие. Вкусот може да му биде кисел, сладок или горчлив, но тоа не го прави повеќе или помалку вкусен.

Многу лекари и нутриционисти веруваат дека доволни се само два портокала на ден, за да можеме да направиме вистински здравствен бенефит за себе и своето тело и да го обезбедиме со дневните потреби за витамин Ц.

Посилен имунитет

Витаминот Ц помага да го подобриме имунитетот, а калциумот ни обезбедува поздрави коски.

Подобра работа на срцето

Портокалите содржат магнезиум, кој пак помага при повишен крвен притисок, а подобро е да изедете цела овошка, наместо исцеден сок.

Понизок холестерол

Хранливите состојки од портокалите помагаат при контролирање на холестеролот во телото, особено во период кога јадеме потешка и покалорична храна.

Здрава кожа

Антиоксидативните својства го намалуваат штетното дејство на слободните радикали, а ги заштитуваат клетките од ошетување и намалување на знаците на стареење.

Подобро варење

Еден портокал по оброкот со сигурност ќе ви помогне храната подобро и побрзо да се вари и да помине низ дигестивниот тракт, а спречува и евентуална подуеност и запек.

Слични содржини