Најчудните работи што туристите ги забораваат во хотелите

од Nikola Popovski

Вработените во еден голем британски хотелски ланец направија список со најчудните работи што туристите ги забораваат во хотелите, пренесува Дејли Мирор.

Најчесто, гостите забораваат на четки за заби и полначи за мобилни телефони. Но, во 2019 година, тој список е исполнет со 1,5-метарска еднорозна фигура направена од цвеќиња, свадбен подарок украсен со скапоцени камења и огромна сјајна месечина што служела како позадина за фотографии од венчавки.

Еден посетител ја заборави урната со посмртните останки од татко му, а друг скапоцена семејна реликвија – 65-годишно дрво – бонсаи. Меѓу невообичаените заборавени работи има и книга со автограми на познати луѓе чии потписи гостинот ги собирал веќе три децении. Овие предмети подоцна биле вратени на нивните сопственици.

Меѓу необичните предмети што се наоѓале во просториите, слугинките се сеќаваат на шише вода од Лох Нес, пар двометарски вештачки палми, телевизор од 190-сантиметри, скоро двометарски ангелски крилја, па дури и персиска мачка по име Ангел.

Слични содржини