Манекенката Џиџи Хадид повторно во прегратка на поранешното момче

382 прегледи

Една од најбараните манекенки на денешницата Џиџи Хадид и поп ѕвездата Зејн Малик одлучиле да и дадат втора шанса на својата љубов.

Судејќи по најновите фотографии на папраците, моделот и пејачот одлучиле заедно да впловат во новата календарска година, две години по нивното раскинување во ноември 2018 година.

Парот бил фотографиран на улиците на Њујорк каде заедно одишле во популарен италијански ресторан за да го прослават роденденот на Зејн, а на вечерата им се придружиле и мајката на Џиџи, Јоланда Хадид, сестрата Бела и поп-ѕвездата Дуа Липа, која е во врска со братот на популарните сестри.

Поранешниот член на британската група One Direction и американската манекенка за прв пат почнале да ги поврзуваат во ноември 2015 година, откако Зејн ја завршил врската со колешката Пери Евардс, а Џиџи со пејачот Џо Џонас.

Својта љубовна врска ја прекинуваа неколку пати, а со текот на времето се трудеа да изградат пријателски однос.

Слични содржини