Познатиот српски актер и предводник на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, предизвикал сообраќајна несреќа во Белград во близина на бензинска пумпа, а како што наведуваат српските медиуми, избегал од местото на настанот.
Но, како што објасни тој на социјалните мрежи, не се работело за бегање, туку морал да им отвори врата на мајсторите и да ги нахрани мачките и потоа да се врати, а кога се вратил, пајак-службата веќе го однела неговото возило, објаснил за Б-92.
https://twitter.com/WhistlerDick/status/1216839531879706629
Популарниот актер детално ја објаснил ситуацијата и на својот профил на Твитер. Како што самиот го опишува настанот, „ништо страшно, мал удар“. Потоа повторно ги известил следбениците дека се јавил во полиција и дека полицискиот извештај е готов.
Притоа им порачал на своите следбеници притисокот да го пренасочат кон реалните криминали.
https://twitter.com/WhistlerDick/status/1216872291931435008