Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака да ослабне во 2020 година, но нема да биде веган бидејќи тоа значи откажување од сирењето.
Во интервју за Би-Би-Си, британскиот премиер рече дека иако сака да ослабне оваа година, тој нема да учествува во Veganuary, годишна кампања која ги охрабрува луѓето да се држат до диета базирана на растителни култури за првиот месец од годината затоа што „бара многу концентрација“ .
Џонсон ја „симнува шапката на веганите што може да се справат со тоа, кои успеваат да ги избегнат сите не-вегански производи“. Во исто време, тој верува дека избегнувањето на животински производи е „злосторство против љубителите на сирењето“.
Претходно, премиерот рече дека сакал да изгуби дел од тежината што ја стекнал за време на неговата кампања во 2019 година да ја предводи Конзервативната партија, по што следеше и брза кампања за предвремени парламентарни избори.
Во 2019 година беше објавено дека партнеркаѕа на Џонсон, Кери Симондс, добро позната жаштитничка на животната средина, го подложила на поздрава исхрана. „Дејли Мејл“ објави минатиот мај дека Симондс, исто така, го убедила Џонсон да проба веганска диета.
Си-Ен-Ен упати прашање до Дауниг Стрит 10 за коментар, но не добиле одговор во моментот на објавување.
Според веб-страницата за кампања Veganuary, над 250.000 луѓе ветиле дека ќе пробаат веганска диета за време на кампањата за 2019 година, а рестораните и супермаркетите лансираа над 200 нови вегански производи и менија.