Кој Ѓорчев е во право – Оној кој гласал „за“ законот за канабис или оној кој го смета за „многу опасен“?

од Aleksandar Todeski
647 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и еден од најголемите противници на новиот Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, а кој ќе овозможи фирмите кои одгледуваат канабис за медицински цели да извезуваат сув цвет од канабис, Владимир Ѓорчев, на социјалните мрежи повторно пишуваше ставови против предлог-законот кој во моментов се наоѓа на Комисијата за здравство.

„Колумбија, картели, кланови, дилери“, се зборовите кои Ѓорчев најмногу ги пишува и зборува за Законот. На социјаната мрежа Твитер, тој дури напиша дека спречиле „Многу опасен Закон“.

Ова мислење сепак го немал во 2016 година, кога на барање на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров, Собранието го гласаше Законот за контрола на опојни дроги, а за кој гласаше „За“ и без никаков проблем пратеникот од тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев. Сегашната опозициска партија тогаш го поздравуваше мислењето на Тодоров дека канабисот е безбеден лек и дека нема ниту еден смртен случај од неговата употреба.

Законот не беше „многу опасен“ ниту за неговите сопартијци, од кои ниту еден немаше „против“ неговото носење, за разлика од сега, кога со мали дополнувања кои пред се бараат извоз на сув цвет од канабис, а како што нагласи и министерот за здравство, Венко Филипче, со него дополнително се воспоставува контрола на можните злоупотреби.

 

Слични содржини