Филипче на средба со најдобрите студенти на Медицински факултет

од Aleksandar Petrovski
185 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше средба со најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од академската 2018/2019 година, коишто оствариле 10,00 просек.

Филипче, како што информираат од Министерството за здравство, им честитал на постигнатиот успех и им посакал градење кариера во нашата држава, каде значително се подобрени условите за вработување за младите и просперитетни лекари.

– Со новите мерки кои ги воведовме во изминатите две години, успеавме да ги привлечеме и да ги задржиме и најдобрите кадри на кои сме неизмерно горди, а со самото тоа отвораме опции за нови вработувања и за младите. Верувам дека и овие млади луѓе ќе бидат дел од квалитетниот здравствен систем што го градиме, и каде човечкиот капитал вистински се цени и се вреднува, истакнал на средбата министерот Филипче.

Слични содржини