Ејуп Алими поднел амандман за формирање на една изборна единица од 2080 година

од Aleksandar Petrovski
311 прегледи

Пратеникот Ејуп Алими поднел различни амандмани со кои само го менувал датумот на примена на законот за една изборна единица во период од 2050 до 2080, изјави Лилјана Поповска од ДОМ, една од иницијаторите за измените на изборниот законик.

-Еден ист пратеник поднел серија амандмани со кои се менува само датумот на важење. Содржински, амандманот нема никаква логика, едноставно се работи за игра на зборови. Барал законот да важи од 20 јули 2051 година, потоа поднесува друг амандман, во кој бара да се применува од 11 октомври 2071, па имаме 28 октомври 2080. И така пратеникот во рок од 50 години си ги менувал датумите на амандманите.

На ваков начин не само што се блокираат законите кои ги иницираме, туку се изигрува институцијата. Ние повторно повикуваме на кооперативност, еве нека се одважат и нека дојдат на дебата. Не ми е јасно зошто не сакаат, дали се срамат од своите амандмани, па не сакаат да раправаме по нив?“, рече Поповска.

Слични содржини