Бизарен бакнеж: Актерката откри како изгледал најлошиот љубовен состанок

413 прегледи

Холивудската актерка Шарлиз Терон гостуваше кај Џими Кимел, а освен што разговараа за нејзините работни успеси, го „чепнаа“ и нејзиниот љубовен живот.

Одговарајќи на прашањето за нејзиниот најлош љубовен состанок, Шарлиз буквално се расплакала од смеење.

Но, тогаш најверојатно не и била смешна бизарната ситуација во која е нашла.

Актерката била на почетокот од дваесетите години кога била на вечера со дотичен дечко. Кога подоцна ја однесол дома, таа му дала до знаење дека би сакала да го бакне.

„Почнавме да се бакнувами и навистина беше добро“, раскажала актерката и открила дека дечкото потоа застанал и побарал од неа да се бакнува со неговиот нос.

„Се колнам, никогаш нема да го заборавам тоа. Никогаш не запознав некој кој сака да се бакнувам со неговиот нос“, признала Терон.

Водителот не се воздржал па ја прашал како заврши состанокот и дали навистина ја исполнила неговата желба.

„Ми беше навистина убаво со него и не сакав да ја уништам атмосферата, па кратко го бакнав н носот“, открила актерката и додала дека тој не бил задоволен со нејзината постапка и побарал таа навистина да се бакнува со неговиот нос.

Слични содржини