Повеќе од јасно е дека и ПМ10 и ПМ2.5 честичките се погубни за човековото здравје. Најчесто загадувањето се мери со количината на ПМ10 честички на метар кубен, а усвоената мерка е микрограми на метар кубен.
Меѓутоа, неретко се користи и мерењето на квалитетот на воздухот според концентрацијата на ПМ2.5 честички. И едниот и другиот вид честички се невидливи со голо око, но можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, да се наталожат во белодробните алвеоли или да навлезат во крвниот систем.
Што се ПМ2.5 честички?
ПМ2.5 имаат пречник од 2,5 микрометри, а може да бидат и уште помали. Се ослободуваат при речиси секој вид согорување, вклучувајќи и моторно гориво, електрани, греење на дрва и на други материјали, шумски пожари, преку индустриски процеси, па дури и преку земјоделски активности кои вклучуваат некакво согорување.
Поради нивната големина лесно може да навлезат во човечкото тело. Тие се полесни и помали споредено со ПМ10, а со тоа и подолго се задржуваат во воздухот, додека ПМ10 почесто се наталожени на површини. ПМ2.5 лесно може да се спровнат меѓу носните влакненца и да ја контаминираат носната шуплина.
ПМ10 во воздухот остануваат од неколку минути до неколку часа, а ПМ2.5 може да останат во него и со денови. Со ова, може да се заклучи дека ПМ2.5 се поштетни од ПМ10, но ова воопшто не значи дека треба да се занемари штетноста на ПМ10 честичките.
Посебно чувствителна група на двата вида честички се луѓето со заслабнат имунитет, оние со кардиоваскуларни заболувања, малите деца и старите и изнемоштени лица.
ПМ2.5 предизвикуваат иритација на дишните патишта, кашлање, кивање, течење на носот и неправилно дишење.
ПМ10 предизвикуваат печење во очите, сувост во грлото и надразнети носници.
Повеќе за ПМ10 честичките прочитајте на следниот линк: