По разводот од Бред Пит, од семејството на Анџелина Џоли по долго време доаѓаат убави вести.
Актерката никогаш не криела дека сака големо семејство со многу деца, а за тоа зборува и фактот што пред да има свои биолошки деца, таа веќе имаше неколку посвоени.
Според повеќе американски медиуми, таа решила да посвои уште едно дете. Истото го сакала и за време на бракот со Бред, но тој бил дециден дека доволно им се шест деца.
„Тогаш мораше да се согласи, но сега е слободна да прави што сака“, истакнала блиска личност на актерката за магазинот Глоуб.
Анџелина сака што побрзо да стапи во контакт со ОН и да пронајде дете на кое итно му е потребно згрижување и семејство. Приоритет ѝ се сирачињата од Кина, Сирија и Етиопија.
Актерката неодамна изјавила дека голема желба ѝ е да живее во Европа, но поради функционирање на семејството, таа и Бред избираат да живеат на блиски локации, за да нема пречки тој да ги гледа децата.