Меган замина во Канада, а нејзиниот сопруг сè уште е во Британија, чекајќи да завршат сите формалности и да замине кај неа, заедно со синот Арчи.
Но, шпекулациите дека нешто се случува во нивниот брак не запираат. Пред самото заминување од Велика Британија, Меган беше забележана како сама оди во театар, а будното око на таблоидите веднаш виде дека таа не ја носи венчалната бурма.
По неколку дена, сепак, таа ја врати бурмата на раката.
Принцот Хари, кој конечно излезе во јавност по повлекувањето од кралските должности, беше забележан како се дружи со децата во тревникот покрај Бакингемската палата. Ова, наводно е неговата последна кралска должност пред почетокот на транзицијата.
Иако се гледало дека е добро расположен, тој цело време ја вадел и враќал бурмата, си играл со неа, ја вртел низ прсти, што повторно ги разбудило шпекулациите дека тој дава суптилен знак дека нешто не е во ред во неговиот брак.