Шкријељ: Инвестираме во раниот детски развој, некои населени места за прв пат добиваат градинки

од Aleksandar Petrovski
273 прегледи

Од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градинки, а изминатите две и пол години беа инвстирани над 180 милиони денари. Дополнително обезбедени се и дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки. Како Влада се грижиме и за кадарот што се грижи за нашите деца и само во последната година платите на воспитувачите се зголемени за 21 процент што е најголемо покачување до сега, изјави дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, при денешниот увид на градежните работи на новата градинка во Општина Конче којашто е во завршна фаза.

Јавната установа за деца, „12 Јули” е првата градинка во оваа општина со капацитет за околу 50 деца.

– Преку локалните канцеларии како Влада обезбедуваме еднаков пристап на сите граѓани до социјалните права и услуги. Во пракса тоа ќе значи дека жителите нема да треба да патуваат до Центарот за социјални работи во поголемите места за да поднесат барање за користење на социјална помош и да остварат друго право од системот за социјална заштита, туку аплицирањето ќе може да го направат во местото кадешто живеат, истакна Шкријељ, при посетата на општинската канцеларија за социјални работи во Конче.

Слични содржини