Николовски: Добро е што им дадовме техничка влада, па груевистички кадри го освежија сеќавањето на режимот

од Aleksandar Petrovski
144 прегледи

За СДСМ добро е да им дадевме не техничка туку цела Влада со се министри и заменици во секое министерство.

За општеството добро е што за неколку дена власт ги потсетија граѓаните на тоа дека се истите и непроменети груевистички кадри и го освежија секавањето на режимскиот стил на владеење со ароганција, страв, притисоци, закани, уцени, насилство, снимање, тепање и многу лаги и манипулации.

Кадрите на ова нереформирано дпмне заборавија дека тоа време заврши.

Но, за државата е добро го продолжуваме демократскиот пат на слобода, сигурност и извесна иднина за генерациите во земја ослободена од режим, со решени проблеми, засекогаш безбедна и членка на НАТО, со трасиран пат во ЕУ и со политики за грижа и помош за секој, напиша на својот Фејсбук профил, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Слични содржини