Капитенот на Барселона направи уште еден обид да го доведе во тимот својот добар пријател Серхио Агуеро. Каталонскиот напаѓач побара клубот да го регрутира неговиот сонародник од Манчестер Сити, информира „Мирор“. Причината за ова е отсуството на неговиот партнер во нападот Луис Суарез.
Меси апелирал за привлекување на Агуеро кај новиот тренер на клубот, Кике Сетиен. Според аргентинската sвезда, напаѓачот на Сити би бил совршена замена за Уругваецот. Познато е дека Суарез го оперираше коленото, што ќе предизвика да отсуствува околу 4 месеци.
Агуеро е водечки стрелец кај „граѓаните“ во историјата во Премиер лигата. Тој и Меси меѓусебно се надополнуваат и играат заедно во репрезентацијата на Аргентина. Но, според „Мирор“, Сетиен не одговорил на барањето на неговиот миленик. Тој веќе изрази став дека Барселона треба да се потпира на играчите, со кои располага.