Запалени автомобили во неколку атински населби во текот на ноќта

од Nikola Popovski
85 прегледи

Во неколку различни населби во Атина, во четири случаи непознати лица запалиле паркирани возила, меѓу кои и три од претставништво за автомобили, а паралелно подметнале пожар во кафуле и банкомат, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, противпожарната служба на Грција интервенирала во гаснењето на вкупно осум запалени автомобили.

Непознати лица, поставиле експлозивен материјал во банкомат, а во друга населба експлозивен механизам бил поставен во кафуле.

За инцидентите во текот на ноќта, грчката полиција спроведе истрага.