Ким: Шминката на Кајли е евтино ѓубре (ВИДЕО)

363 прегледи

Кајли Џенер на својот Јутјуб канал објави видео во кое ја презентира уметноста во шминкањето. Како модел и послужи постарата сестра, најпознатата реалити ѕвездда, Ким Кардашијан. Таа користела производи од сопствената, но и од козметичката линија на својата сестра.

Фото: Инстаграм/KimKardashian

Обидувајќи се да презентира трик за блескава и долготрајна шминка на очите, со спреј за зацврстување на шминката, шишенцето не испрскало апсолутно ништо.

Ким не била задоволна што морала да чека за постапката да продолжи и низ шега производот го нарекла „ефтино ѓубре“, додека Кајли се борела со шишеето. На крајот покажала дека спрејот е во ред и работи по неколку неуспешни обиди.

Но тоа не е единствен гаф во видеото, за време на нанесувањето на сенката за очи, Џенер случајно и ги скинала вештачките трепки на својата сестра. Иако на почетокот на видеото таа нагласила дека не е шминкер, Кајли своето богатство го изгради токму врз линијата козметички производи, најмногу на инијата шминки за усни.

За време на видеото Ким открила дека позната симпатија и е Џони Деп и дека шега на Џеј Ланоа ја испирирала за предвременото раѓање на ќерката норт и дека поседува два фрижидери, еден за пијалови, а друг за храна.

Слични содржини