Лив Тајлер неодамна гостуваше на талк шоуто на Џими Кимер и зборуваше за својот живот во Лондон, децата, сопругот, но и играа игри.
Кимел ја „допре“ темата за нејзиниот познат татко, Стивен Тајлер, фронтмен на групата Аеросмит. На прашањето како се чувствува на настапите на својот татко, Лив имала интересен одговор.
„Тој навистина е фантастичен. Како изведувач, никогаш не прави ништо половично. Секогаш пее од срце и дава 100 % од севе. Всушност сум изненадена што се уште настапува, но сепак прави некои работи со кои ме засрамува. На пример, кога ќе го јавне сталакот за микрофонот“, одговорила Лив.
Лив Тајлер ја паметиме токму по спотот на групата на татко и, Аеросмит, за песната Crazy и по улогата на Арвен, во триологијата Господар на прстените.
Денеска актерката има две деца со американскиот спортски агент, Дејвид Гарднер. Таа открила дека децата учат американски и англиски изрази, иако зборуваат со англиски нагласот. Исто така, тешко и паѓа американскиот метрички систем и возењето автомобил на спротивната страна.