ФОТО: Почна средбата на партиите за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski
331 прегледи

Преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во проширен состав со претставници од парламентарните партии седнаа на заедничка маса да бараат решение за Законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е блокиран од страна на опозициската партија.

Предлог-законот е четврти по ред, а откако не дојдоа до решение, имаше шестмесечна пауза во преговорите. Преговарачките тимови на власта ги води министерката за правда, Рената Дескоска, а на опозицијата пратеникот Антонио Милошоски. Присутни се претставници и од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, предводени од пратеничката Нола Исмајлоска-Старова, ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, Алтернатива и пратеникот Панчо Минов, кој е независен пратеник.

На средбата имаше и претставници од Еворпската Унија, Амбасадата на САД, а како претставник на Блупринт групата, присутна е и Натали Петровска.

И власта и опозицијата не ја исклучуваат можноста законот да биде донесен пред 12 февруари, кога се распушта Собранието, иако имаат големи несогласувања околу законското решение. Овие средби доаѓаат откако еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји кажа дека Законот би бил причина плус земјава да ги отпочне преговори со Европската Унија.

 

А.Т.

Слични содржини