Ердоган не очекува Хафтар да го почитува примирјето во Либија

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека не може да се очекува командантот на Либиската национална војска Калифа Хафтар да го почитува прекинот на огнот меѓу неговите сили и провладините трупи во Либија.

– Не може да се очекува милост и разбирање од некој како Хафтар кога станува збор за примирје, рече Ердоган, коментирајќи ги новите прекршувања на примирјето.

Турција ја поддржува меѓународно признатата влада на Либија, со седиште во Триполи, и повеќе пати ги оквалификува Хафтар и неговите сили како нелегитимни.