Една од ќерките на Брајант загина во хеликоптерската несреќа

од Vladimir Zorba

Трагични вести доаѓаат од Соединетите држави, откако покрај Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи Брајант (13) исто така, загина во хеликоптерската несреќа, пренесува ЕСПН.

Според новинарот Адријан Војнаровски, Брајант и неговата ќерка оделе на кошаркарска натпревар, кога се урнал хеликоптерот.

Покрај Коби и Џиџи, во хеликоптерот имало „уште еден играч и родител“, напиша Војнаровски на Твитер.

Хеликоптерот се урна во близина на Калабасас, западен Лос Анџелес.

Џиџи Брајант имаше 13 години, таа тренираше кошарка, а Коби беше нејзин голем поддржувач.

Подолу е видео од пред само неколку недели како Коби и дава совети на Џиџи.

Слични содржини