
Според информациите, Вучиќ на состанокот ги повикал министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, министрите за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и за одбрана Александар Вулин, како и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Братислав Гашиќ.
Сè уште не се познати други детали за темите на ненадејниот состанок, а се очекува по средбата на државните функционери да биде објавено соопштение.