Кинеската Нова година е една од повеќето традиционални лунеарни прослави во Азија, а првиот ден се одредува според младата месеччина која се јавува меѓу 21 јануари и 20 февруари секоја година по грегоријанскиот календар. Ни пристигна годината на стаорецот, а беше прославена со танц на големиот хартиен змеј на улиците и размена на црвени коверти со пари.
Оваа традиција изобилува со различни интересни обичаи и необични поединости со кои, можеби, не сте запознаени.
1. Кинезите воопшто не ја викаат така
Во Кина оваа прослава се нарекува Пролетен фестивал или Лунарна Нова година, а се обележува и во Виетнам. Оваа година почетокот на Пролетниот фестивал е на 25 јануари, по лунеарниот календар.
2. Сообраќајот е во потполен застој
Во пресрет на Пролетниот фестивал настанува т.н. chunyun, односно, период на згуснување на патиштата, што е една од најголемите миграции на луѓе во светот. Автобуси, возови и останати превони средства се преполни со луѓе кои се брзаат да ги видат своите најблиски за време на празниците.
3. Не трае само еден ден
Кинеската Нова година трае дури 15 дена. За време на овој настан може да се види се, од поворки и новогодишни саеми до трки со коњи и борба за најдобро место во храмот, пишува CNN.
4. Доба на празноверие
Според старо верување,во текот на кинеската Нова година нема туширање, перење или чистење дома. Ѓубрето не смее да се фрла. Вториот ден од празникот се поминува со семејството, а во третиот ден се избегнуваат посети бидејќи тој е ден на кавги. Седмиот ден се обележува роденденот на сите и тогаш се подготвува забава.
5. Љубовник за инзајмување
Ова време ососбено тешко им паѓа тешко на девојките кои се сами, а кои трпат испрашување од семејствата кога ќе запознаат некој и ќе се скрасат. Тоа е една од причините поради која кинеска интернет страница нуди момци и девојки за изнајмување. Цената на лажниот брачен партнер се движи од 70 – 840 евра за еден ден.
6. Почитуваат необични лингвистички обичаи
Во поединечни делови на Кина за време на Лунарната Нова година забранети се одредени работи, само поради тоа како збучат. Купувањето облека не е дозволени бидејќи изразот за чевли (haai) има призвук на губење и издишување на кантонскиот кинески јазик.
7. Со петарди ги бркаат чудовиштата
Според древно предание, за време на кинеската Нова година се појавува створењето иан, полу змеј, полу лав. Тој ги напаѓа луѓето, а особено децата. Неговата слабост е тоа што е осетлив за звук, па некогаш се палело бамбус за да се избрка чудовиштето, а денес се користат петарди.
8. Црвената облека асоцира на радост
Црвената боја асоцира на среќа и благосостојба, а се користи најмногу поради своето заштитничко делување. Неман Ниан особено се плаши од оваа боја. Интересно е дека на кантонски кинески јазик панталоните се викаат фу, што наликува на зборот кој претставува богатство, па црвените пантолони се добар моден детаљ за време на празниците.
9. Време е за слатки
Храната е неизоставен дел на фестивалот, а особено се важни слатките бидејќи симболизираат добивка со која ќе се сладиме следната година. Традиционалните празнички слатки се ниан гао (пудинг од ориз), бабаофан, јау гокс, суво овошје и семки.
10. Постои и посебен филмски жанр
Во Кина и Хонг Конг постои жанр филмови посветен на Лунарната Нова година, а се нарекува хесуипиан. Тоа се воглавном комедии со нелогични заплети и весела природа кои се однесуваат на семејството и среќните завршетоци. Наликуваат на западњачките божикни филмови.
11. Не мора да се држите до секој обичај
Иако е присутна богата традиција, почитувачите на кинеската Нова година не се должни да се придржуваат на секој обичај. Некои, сепак, купуваат чевли, а што е најважно, луѓето не се воздржуваат од туширање. Важноста на овој празник е да се помине време со семејството и саканите, без оглед на останатите детали.