Подгорица: Претепано момче поради кревање „три прста“, полицијата трага по напаѓачите (видео)

од Nikola Popovski
161 прегледи

Полицијата работи на идентификување на лицата кои синоќа физички го нападнале Ј. В. (19) во Градскиот кварт во Подгорица, соопшти полицијата на црногорскиот главен град.
Група непознати лица физички го нападнале J.. В, кој сепак не се здобил со сериозни повреди.

Подгоричката полиција исто така соопшти дека имало обиди за каменување на колони патнички возила на две локации во градот, кои биле спречени со ефикасен полициски одговор.

Додадено е и дека е спречено и цртање на графити на ѕидот на еден ресторан во Блок 5 и нападнат  е сопственикот на ресторанот.

На снимките обезбедени од „Вести“ се гледа дека повеќе мажи трчаат по едно младо момче  на булевар.

Според „Вечерње новости“, инцидентот се случил затоа што младиот човек покажал симболично три прста.

https://www.facebook.com/116109739824845/videos/1295374823980933/