Според Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон го издигнал своето ниво во последните две години, но сепак има слабости, кои никој не ги користи. Шпанецот ја напушти Ф1 на крајот на 2018 година, но се надева дека на крајот ќе се врати во 2021 година кога со задоволство би го „тестирал“ Хамилтон.
– Тој направи чекор напред – тој стана поконкурентен, поподготвен. Сè уште има некои слабости што остануваат недопрени – никој не ги користи, тврди Шпанецот.
Фернандо истакна дека Луис не бил тестиран во моменти на екстремно оптеретување во последните неколку сезони.
– Тој го подигна нивото во текот на последните две години, особено во 2019 година кога неговиот автомобил не беше толку доминантен како што беше порано. Ако не победи, тој секогаш е многу близу – не е 20 секунди назад, како што е случајот со Валтери. За време на викендот, кога автомобилот е послаб, Ботас е петти или шести, на една минута заостанување, но Луис не е. Ако ги анализираме сезоните на Луис, секогаш има сличен тренд. Годината започнува полека, но никој не ја искористи предноста. Би било убаво да се натпреварувам со него во изедначена битка, вели двократниот Ф1 шампион.