Хамилтон: Луѓето зборуваат секакви с*ања

од Симе Стоиков

Луис Хамилтон не ја започна својата последна сезона во болидот на Мерцедес како што очекуваше.

Британецот по четири трки има само десет бодови, а најдобар финиш му беше седмото место на првата трка сезонава во Бахреин.

Се уште се зборува за трансфер на Луис Хамилтон во Ферари.

„Мислам дека не треба да се правдам пред никого. Знам дека тоа е најдоброто нешто за мене и никогаш не сум го доведувал во прашање тоа“, изјави Хамилтон на прес-конференцијата.

Многу луѓе не се согласуваат со некои од зборовите, но Хамилтон воопшто не се задржува на такви работи.

„Луѓето зборуваа и пак зборуваат секакви срања. И тоа секогаш ќе го има. Мене тоа воопшто не ме интересира“, вели Хамилтон.

Ова е последна сезона за Луис Хамилтон во Мерцедес, Британецот ќе биде член на Ферари од 2025 година.

Слични содржини