По добиената информација од МЖСПП, Град Скопје ги извести граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година.
На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, велат од Градот.
„Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани“,соопштуваат оттаму.