Шпанија поради Косово нема да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан?

од Nikola Popovski
165 прегледи

Шпанија се заканува дека ќе го бојкотира самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб поради учеството во Приштина, јави Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на „доверливи извори“ во Мадрид, Загреб и Брисел.

Шпанските власти ги предупредиле домаќините на самитот, што ќе се одржи во мај, дека нема да учествуваат на собир каде „Косово има еднаков статус со другите земји од Западен Балкан“.

РСЕ исто така тврди од повеќе извори дека дипломати од други земји-членки на ЕУ веќе се информирани дека е можно Шпанија, која е една од петте држави на ЕУ, која не ја признава независноста на Косово, да го прескокне самитот во Загреб.

Писмениот одговор од шпанското Постојано претставништво во ЕУ нагласува дека е рано да се потврди учеството на премиерот, бидејќи Шпанија се уште не добила покана од хрватското претседателство.

РСЕ оценува дека претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ исто така индиректно признал дека работите не одат непречено во организацијата на самитот, поради цврстиот став на една земја-членка.