Лазиќ не издржа: Замина под нож, го намали желудникот

370 прегледи

Фолк пејачот Дарко Лазиќ (28) има проблеми со прекумерната тежина, а со неа почна да се бори по сообраќајната несреќа која ја имаше во октомври 2018 години. По тој настан, килогрмите почнаа да му пречат, особено на колковите. Сепак, музичарот решил да им стави крај на тие проблеми и замина под нож.

– Дарко го намали желудникот бидејќи тоа беше единствен начин да се избори со вишокот килограми. По операцијата тој трпеше огромни болки, но наскоро ќе се врати и на настапите со огле на тоа дека паузираше еден викенд – рекол извор за српските медиуми.

Тој додал дека тоа бил единствен начин за пејачот да се спаси, а операцијата го чинела 300.000 динари.

– Операцијата на желудникот биле единствено решение за него. Нему не му помогна ниту диета, а поради последиците не е способен да се занимава со ниту еден спорт. Дарко инаку имаше сериозно нарушено здравје поради повишениот притисок, така да постоеше и ризик од инфаркт – истакнал извор.

Операцијата поминала без никакви проблеми, траела околу еден час, а еден ден после неа тој бил пуштен дома.

Слични содржини