Чешка: Комунистичката партија со предлог да се повлече признавањето на Косово

од Nikola Popovski
161 прегледи

Чешката и Моравската комунистичка партија ќе донесат до Собранието предлог за Чешка да го повлече признавањето на Косово, најави лидерот на партијата, Филип Војтех.

Војтех рече дека парламентарниот клуб на партијата го подготвил предлогот и го информирал чешкиот претседател Милош Земан, кој, како што рече, бил задоволен од иницијативата.

Чешка треба да го повлече признавањето на Косово затоа што Земан и неговиот претходник Вацлав Клаус не назначиле амбасадор во Приштина, што, според Војтех, е услов за признавање на државата според чешкото и меѓународното право, пренесува чешкиот портал „Ехо24“.

Тој додаде дека чешките комунисти разговараат со другите парламентарни групи и бараат поддршка за нивниот предлог.

Највисоките чешки претставници го отфрлија предлогот и аргументите на Земан во октомври минатата година на координативната средба за надворешната политика во Прага дека Чешката Република го повлекува признавањето на Косово.

Еден месец порано, во септември, Земан за време на посетата на Белград рече дека ќе побара од владата во Прага да ја преиспита одлуката за признавање на Косово.

Во 2008 година, Чешка ја призна еднострано прогласената независност на Косово