Политичката партија Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, во текот на минатата 2019 година добила донација од приватна компанија во износ од скоро 18 илјади евра.

Поранешниот функционер на Левица, Здравко Савески, објави регистар на донации за второто полугодие од минатата 2019 година, од кој се гледа дека партијата во овој период единствената донација ја добила од компанијата Аутсорс Консалтинг Сервис и таа изнесува 1,1 милиони денари.