Зверев донира 50.000 долари за жртвите од пожарите во Австралија

од Aleksandar Petrovski
307 прегледи

Германскиот тенисер Александар Зверев ќе донира 50.000 долари за жртвите од пожарите во Австралија.

Пред почетокот на гренд слемот Аустралиан Опен, Германецот вети дека ќе ги подари сите четири милиони австралиски долари доколку го освои турнирот или по 10.000 долари за секоја победа во Мелбурн парк.

Тој денеска загуби во полуфиналето од Доминик Тим, кој, пак, во натпреварот за титулата ќе игра со Новак Ѓоковиќ.

– За жал тоа не се оствари. Но, останувам на зборот за донација и ќе дадат 50.000 долари со кои се надевам дека барем малку ќе помогнам, рече Зверев по елиминацијата во полуфиналето.

Слични содржини