Дали некогаш сте се запрашале зошто намигнуваме или покажуваме среден прст? Како настанале овие однесувања и како се прифатени ширум светот? Тоа би било забавно за откривање.
Намигнување
Оној кој намигнува ѝ сигнализира на другата личност дека наскоро ќе сподели некое тајно дознание со неа. Не е зошто и што е тоа, но намигнувањето е знак да ја донесеме стварноста во прашање. ОВа е повик за будење. Но, доколку размислите, тоа е прилично чудно.
Намигнувањето всушност има врска со приказната за едноокиот Один од нордиската митологија.
Один бил моќен и мудер татко на скандинавската религија. Бог на мудроста, оздравувањето и победата, сакан во сите германски традиции, а познат во својата жед за мудрост.
Според една приказна, не едно од своите патувања во потрага да го прошири своието знаење и свест, ОДин дошол до извор каде растело дрвото Јггдрасил. Било познато дека, кој ќе се напие од овој извор, ќе ги запознае сите тајни и ќе стане најмудриот човек на светот.
Овој извор го чувал Мимир, советник на боговите и најмудриот лик на скандинавската религија. Один побарал малку вода.
Митското чудовишто точно знаело што бара Один и не сакал да му олесни: Барал од Один да го жртвува своето око. Бидејќи Один барал апсолутна мудрост, МИмир сметал дека тоа е фер цена. Один не размислувал два пари и веднаш го фрлил своето око во изворот, а Мимир му дозволил да се напие вода и да го спознае целото знаење на овој свет.
Во многуте приказни и поради фактот дека има едно око, Один изгледа како да намигнува. Тоа е приказната откаде потекнува намигнувањето, а кога намигнуваме и со тоа сигнализираме дека имаме некое тајно сознание, всушност му оддаваме почит на Один и жртвата која ја направил.
Зошто покажуваме среден прст за да навредиме некого?
Уште во античка Гација била сфатена силата на сексуалноста, па таа била можен дел од скоро сите богови. Исправениот машки полов орган имал посебни моќи. Тој бил симбол на голем потенцијал, сила која можела да се бори против сите демони, да ја преврти лошата среќа во златна прилика и направи нов успешен почеток во сечиј живот.
Кај старите Грци, испружениот среден прст значел токму тоа – исправен машки полов орган. Но, зошто го покажувале?
Оваа грда гестикулација ја користеле за да ја избркаат негативната енергија и активноста насочена кон нив. Покажување на средниот прст и навредувањетп е всушност обид и одбивање на лошата енергија насочена кон вас.
Зошто се тетовираме?
Тетоважата е стар облик на уметност која во текот на историјата се појавува во различни култури. Нашата модерна збор тетоважа, доаѓа од тахиканската збор „татау“ што значи „да означиш нешто“.
Многумина го потекнуваат потеклото на тетоважата со верувањето дека тоа е жртва која ја принесуваме на своето тело за да се поврземе подлабоко со она што сме одбрале да претставува тој симбол. Во некои замји се верува дека станува збор за вечна трага на нашите смртни тела, кои можат да поминат низ сите наши реинкарнации. Затоа, пред да се одлучите за тетоважа, мудро изберете го нејзиното значење и симболика.