Британскиот Daily Mail нашол аудио снимка од 2016 година на која се слуша гласот на Амбер Херд дека го удира Џони Деп.
Парот тогаш се обидел да разговара за своите брачни проблеми, а Амбер се отворила за своите насилни изјави.
„Душо, ти кажав еднашка. Уплашен сум до смрт бидејќи сме во ебено место на злосторот сега“, и рекол Деп.
„Ебено те удрив… не знам каде ми се движеа рацете, но добро си, не те повредив, не те удрив…“, се слуша Амбер.
Откако тој се обидел да ја избегне расправијата, таа му порачала дека е бебе.
„Ти си такво бебе, порасни.“
Загрижувачката епизода е една од бројните кавги за време на неформалната двочасовна сесија, која Амбер ја снимила со мобилен. За време на истата, таа признала дека го гаѓала Деп со тави, лонци и вазни.
Бракот меѓу 56-годишниот Деп и 33-годишната Херд заврши во 2016 година, по 15 месеци, а актерката го обвини дека ја претепал. БРакот законски беше окончан во 2017 година, што не беше случај со нивните јавни кавги во кои ги вадеа валканите алишта. Деп, лани, ја обвини Амбер дека ги нацртала модриците и ја тужеше за клевета барајќи 50 милиони долари.